Во првите два натпревари од 27. коло на фудбалскиот шампионат на Франција, односно Лига 1, победи забележаа домашните тимови.
Екипата на Нант со 3-1 го совлада Дижон, додека претендентот за шампионскиот трофеј Ница со 2-1 славеше победа против Монпеље
Денеска на програмата се пет натпревраи: Гингамп – Монако, Нанси – Тулуз, Рен – Лориен, Лил – Бордо и Анжи – Бастија.
Во недела ќе се одиграат три средби. Сент Етјен го пречекува Каен, а Олимпик Лион е домаќин на Мец, додека во дербито кое ќе се игра во Марсеј составот на Олимпик Марсеј ќе се сретне со актуелниот шампион Париз Сен Жермен.
Табела: Монако 59 бода, Ница 59, ПСЖ 56, Лион 43, Сент Етиен 39, Олимпик Марсеј 39, Бордо 39,…