Фудбалерите на тетовска Шкендија постигнаа победа во првиот натпревар од првото коло од квалификациите од Лига Европа. Тие попладнево во Струмица ја победија Дачија од Молдавија со 3:0 (2:0). Головите за Шкендија ги постигнаа: Бесарт Ибраими во 7.минута од пенал и Марјан Радески во 11 и 75.минута.
Од македонските екипи вечерва играат уште два тима. Работнички гостува во Сан Марино кај екипата Тре Пене (почеток 20:30 часот), додека битолски Пелистер гостува кај Лех Познањ во Полска (почеток 20:45 часот).
Македонските екипи реванш дуелите од првото коло ги играат на 6.јули.