Победа на МЗТ против Работнички

Од:

МЗТ победи против Работнички со 86:74, во натпреварот од четвртото коло во Суперлигата. Со оваа победа МЗТ, по четири рунди, е единствената непоразена екипа.

Во првиот дел МЗТ имаше 26 скокови (14 дефанзивни и 12 офанзивни), додека Работнички за 20 минути имаше само седум скокови, од кои еден офанзивен. МЗТ имаше 49 отсто реализација (8/13 за три), додека Работнички погоди 48 отсто од ударите кон противничкиот кош (7/13 за три).

Добрата реализација и доминацијата под обрачите му овозможија предност на МЗТ во првото полувреме од 52:44.

Најефикасни во редовите на МЗТ беа Дамјан Стојановски (18 поени, 13 скокови), Ѓорѓи Чековски (23 поени, 7 скокови) и Тодор Гечевски (15 поени, 9 скокови).

Кај Работнички најефикасен беше Абукар со 15 поени. По 13 постигнаа Голдваер, Петровски и Јелисиевиќ.

На останатите две средби, Лирија го совлада Куманово 85:78, а Кожув го совлада Фени индустри со 87:86.

Табела: 1. МЗТ 4/0, 2. Работнички 3/1, 3. Фени индустри 2/2, 4. Кожув 2/2, 5. Лирија 1/3, 6. Куманово 0/4.

Петтото коло ќе се одигра на 17. април МЗТ ќе му биде домаќин на Фени индустри, Работнички ќе гостува во Куманово, а Лирија ќе го пречека Кожув.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…