По срамот со Исланд, можно е жена да стане селектор на англиската репрезентација

Од:

Извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Англија, Мартин Глен, не ја исклучува можноста после дебаклот на Европското првенство и оставката на Рој Хоџсон, следен селектор да биде жена.

-Ќе го одбереме најдобриот, или жена, за таа работа. Поголеми шанси му давам на маж, барем во овој момент, но во секој случај тоа ќе биде личност најдобра за оваа работа. Не можам во овој момент да ја исклучам било која можност, рече тој.

Која жена би можела да го води англискиот фудбал, прашуваат англиските медиуми. Нивната поранешна селекторка на женската решрезентација, Хоуп Пауел, која и како фудбалер и како стратег стигнуваше до финале на европските првенства, а која цели 15 години, до 2013, ја водеше женската репрезентација на Англија.

-Би било иделано неа да ја нагажираме, поседува искуство за англискиот фудбал и работи на многу високо ниво. Селектор треба да биде личнот кој ги инспирира луѓето околу себе, а која е доволно софистицирана да ги познава и применува сите модерни фудбалски техники кои водат до успех на турнирите. Нас не ни треба некој што ќе седи покрај теренот, туку некој со искуство, некој кој може да направи и спроведе план, порача извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Англија, Мартин Глен.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП