Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо по шестчасовни преговори се согласиле за трансфер на уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.
За сума од 63 милиони евра, Кавани ќе го засили францускиот шампион, јавуваат италијанските медиуми.
26-годишниот Кавани во периодот 2007-2010 година настапуваше за Палермо кој според договорот од трансферот во ПСЖ ќе добие седум милиони евра.
Претходно Кавани беше поврзуван со екипи од Премиер лигата, а се појави и информација дека тој го имал договорено трансферот во Челзи.
Со овој епилог околу еден од најбараните фудбалери во Европа во летниот преоден рок, продолжува соработка меѓу Наполи и ПСЖ. По завршување на минатата сезона од Неапол во Париз се пресели Лавеци кој со Кавани беа ударниот тандем во клубот за кој настапува Горан Пандев.