На четирите одиграни средби попладнево во 10.коло од германската Бундес лига, по две победи забележаа домашните и гостинските екипи.
На минимални триумфи од 1:0 пред своите симпатизери се радуваа фудбалерите на Хамбургер и Хановер, додека гостински победи остварија Вердер и Волфсбург.
Резултати; Хамбургер – Баер Леверкузен 1:0, Хановер – Ајнтрахт 1:0, Мајнц – Вердер 1:2 и Штутгарт – Волфсбург 0:4.
Денешната понуда во Бундес лигата ќе биде заокружена со дербито меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд кои ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Утре ќе се играат натпреварите: Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, Келн – Фрајбург и Падерборн – Херта.
Табела: Баерн Минхен 21 бодови, Волфсбург 20 (+1 натпревар повеќе), Борусија Менхенгладбах 17, Хофенхајм 17, Баер Леверкузен 16 (+1), Хановер 16 (+1)…