По 1977 година, Федерер најстар полуфиналист на Австралија опен

Од:

Роџер Федерер денеска обезбеди учество помеѓу четирите најдобри тенисери на Грен слемот во Мелбурн и најстариот полуфиналист на Австралија опен од 1977 година.

Швајцарецот кој утрово го победи во четвртфиналето Американецот Сандгрен со 3-2, се избори за 46. полуфинале на „Гренд слем“. Федерер сега има 38 години и 178 дена. Пред него, во 1977 година, Кен Роузал на 42 годишна возраст влезе меѓу четирите најдобри.

Куриозитет на турнирот е и податокот дека Федерер за прв пат во својата кариера до пласман во полуфинале на Грен слем турнир стигна без да се сретне со ниту еден противник од најдобрите 40 на АТП ранг листата.

За време на турнирот, тој ги победи:
Стив Џонсон (75-ти)
Филип Крајиновиќ (41.)
Џон Милман (47.)
Матон Фучович (67.)
Сандгрен (100.).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија

Ана Ололовска