Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради претстојниот УЕФА Суперкуп, инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образотна Скопје.
Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.
Целта на овој проект е што поголем број на граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преноќување на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, сѐ што треба да направите е да се логирате на http://supercupskopje.com и да наведете каков тип на сместување може да понудите.
Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот и преку испраќањенаемаилпорака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување, а вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.