Планинарското друштво „Кожуф“ организира успешно искачување на „Мусала“

Од:

Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија изминатиот викенд организираше успешна акцијата за искачување на највиокиот врв на Балканот „Мусала“ на планината Рила во Бугарија висок 2.925 метри.

Според гевгелиските планирани поволните временски прилики им биле во прилог, како и тоа дека одбраната патека е најпристапна до „покровот на Балканот“.

– Од страната на зимскиот центар „Боровец“ кој се наоѓа во близина на „Мусала“ се упативме со жицница до местото Јастребац од каде продолживме пеш кон планинарскиот дом Хижа на надморска височина од околу 2.400 метри. Од таму ни беа потребни уште два часа пешачење до самиот врв, рекоа планинарите од Гевгелија.

Покрај гевгеличани, во успешното искачување на врвот „Мусала“ кој 254 дена во годината е покриен со снег учествувале и планинари од Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Струмица.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска