Меморијален планинарски марш денеска по 24. пат се одржа во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
– Многу членови од планинарските друштва од југоисточниот регион, меѓу кои повеќето млади, дојдоа денеска да рекреираат и маршираат по средно тешката патека трасирана во атарите на планинските села Конско и Ума, патека која беше меѓу најомилените на чичко Перо, информираа организаторите кои истакнаа дека денешната масовност ќе ги мотивира и во иднина да преземаат активности за привлекување на младите потенцијални планинари од регионот.
На целта во селото Ума беше положено цвеќе на спомен плочата на Перо Илиевски, а маршот заврши по церемонијата за доделување благодарници за учество и заедничкиот ручек.