Планинарски марш „По патеките на мис Стон“

Од:

Во организација на ПАЕК „Маратон„ од Струмица, денеска се одржа традиционалниот планинарски марш „По патеките на мис Стон„.

На оваа планинарска манифестација учествуваа 13 планинарски друштва и клубови од Струмица, Гевгелија, Валандово, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Делчево, Пехчево и од други места во земјава.

Стартната позиција на маршот беше од  вештачката акумулација „Турија„ во општина Василево. Патеката во должина од 11,5 километри планинарите успешно ја совладаа за нешто повеќе од три часа.

На целта на маршот во дворот  на црквата „Св. Илија„ учесниците на маршот ги пречека и поздрави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.

– Добродојдовте  во ова славно историско село во струмичкиот крај, каде војводата Атанас Нивички успешно ја сокрива од турските потери американската мисионерка Мис Стон, за чие ослободување ВМРО изнудила откуп од Отоманската империја во износ од 14 илјади турски лири, наменети за набавка на оружје. Горди сме со нашата роднокрајна историја, која и вие планинарите успешно ја негувате, чествувајќи ги историските датуми, личности и настани, рече Стојанов.

Планинарите ја посетија родната куќа на нивичкиот војвода Атанас и возобновената црква „Св. Илија„, каде потомци на војводата раскажуваа згоди и незгоди од престојот на американската мисионерка во селото на нивните дедовци и прадедовци.

На планинарските друштва и клубови им беа доделени благодарници и признанија, за учеството и придонесот во афирмирањето на општина Василево.

За сите учесници и гости во оваа планинарска експедиција, ПАЕК „Маратон„ и Општина Василево приредија заеднички ручек.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска