Меѓународен планинарски марш се реализира денеска на планината Серта, во организација на планинарското друштво „Серта“ од Неготино.
На маршот учествуваат околу 150 планинари од Македонија и странство, кои ќе се искачуваат на врвот Караѓозов висок 1.078 метри надморска височина.
Меморијалот се одржува по 17-ти пат во чест на прерано починатиот планинар Делчо Кузмановски, а воедно се чествува и двегодишнина од смртта на 4 други планинари.