Планинарски марш „Цветници 2013“ во делчевско

Од:

Сто и дваесет планинари од Делчево, Пехчево, Струмица, Кавадарци, Неготино и Куманово учествуваа на планинарскиот марш „Цветници 2013“ што се одржа денеска во околината на Делчево.

Патеката во должина од дваесесетина километри поминуваше низ селата Очипала и Киселица, каде беа посетени две пештери и манастирите во изградба „Св.Јован“ и „Св. Ѓорѓи“.

Во манастирскиот комплекс „Св.Петка“ во селото Селник  се одржа заеднички планинарски  ручек, каде на гостинските планинарски друштва  домаќинот и организатор на маршот, планинарскиот клуб „ПОП“ од Делчево, им додели благодарници.

– Ова беше осмо по ред издание на традиционалниот планинарски марш „Цветници“. Учесниците на маршот со посебно внимание ја посетија и разгледаа единствената црква со каменен кров „Св.Петка“ во Селник која е градена некаде кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, изјави Зоран Поповски, претседател на  ПК „ПОП“ од Делчево.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска