Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска организира групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно во пресрет на празникот Св.Трифун.
Стартот е закажан за 9 часот пред основното училиште „Кочо Рацин“, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино на врвот на Водно кај Планинарскиот дом.
Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да го поминат денот во здрава рекреација на Водно.
Според организаторот, настанот нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки „Прв до врв“ на 21 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб страната www.prvdovrv.mk.