Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Од:

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот на Центарот за управување со кризи 112 пријавиле дека крдо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат.

Девојките побарале да се крене рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило. Во 23.42 часот полициско комбе дошло на лице место, по што девојките биле безбедно евакуирани.

Би можело да ве интересира

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола