Планинарска акција на Церев врв, „Излези и диши“

Од:

Осумдесет планинари, ентузијасти и љубители на природата вчера се искачија на Царев врв на Осоговските Планини во акцијата на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин камен “ од Крива Паланка.

Акцијата насловена „Излези и диши “ се организира вторпат, во соработка со „I love hiking group Macedonia“.

-Ова е уште една акција од иницијативата #ИзлезиИДиши на „ I love hiking group Macedonia“ во насока на зголемување на свеста за сопственото здравје кај се поголем број активни луѓе, воедно и зголемување на бројот на активни луѓе по планините. Нашето здружение и годинава е дел од иницијативата и имавме прекрасно дружење на планина во пресрет на пролетта, изјави Теодор Јовановски од ЗПЗП „Калин Камен“.

Патеката е со почетна точка на 1.400 метри надморска височина, со висинска разлика од 745 метри.

-Царев врв е на 2.084 метри надморска височина, патеката е долга околу 18 километри, а учесниците, педесет луѓе од Скопје и 30-тина од Крива Паланка поминаа еден совршен ден во идеални услови за планинарење, додаде Јовановски.
Наредна акција на ЗПЗП „Калин Камен“ е дводневен настан за искачување на Пелистер, на 2601 метар надморска височина.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска