Планинарите од Крива Паланка се искачија на снежно Чупино Брдо

Од:

Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка организираше акција за искачување на врвот Чупино Брдо висок 1725 метри.

– Триесетина планинари од различни возрасти имаа можност да уживаат во планинските пејзажи и убавините на Осоговските планини. Акцијата беше средно тешка, а сите учесници се дружеа и уживаа во неделното сонце на планина. Снегот не израдува, но во градовите не се задржа, за разлика од повисоките планинсkи места каде белината и снежната убавина се идилични и привлечни, особено за планинарите или вљубениците во рекреација во природа, а тоа беше причина да ја организираме оваа акција, изјави Теодор Јовановски од „Калин Камен“.

Согласно годишната програма на здружението до крајот на 2016 година останува уште една традиционална акција, искачување на Руен.

– Патеката е долга 18 километри, а стартот на акцијата е од градскиот плоштад во Крива Паланка, на 25 декември во 7 часот, од каде организирано се патува до рудник Тораница. Оттаму се искачува низ планината. Руен е највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри, а искачувањето во организација на нашето Здружение е по четврти пат, додаде Јовановски.

Тој упати отворена покана за учество на сите авантуристи, без оглед на возраст и пол.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска