Планинари од Македонија, Србија и Бугарија се сретнаа на граничното тромеѓе

Од:

Околу 300 планинари од Македонија, Србија и Бугарија денеска се сретнаа на тромеѓето, кое ја означува граничната линија помеѓу овие три соседни држави.

По прекин од пет години, со денешната планинарска средба кај граничниот камен, се обновува традиционалната планинарска акција во која учествуваат голем број планинарски друштва од земјава и од Бугарија и Србија. Иницијатори и организатори на повторното планинарско искачување и заедничко дружење се ЗПСК „Руен“ од Крива Паланка, ТД „Осогово“ од Ќустендил и ПД „Железничар“ од Врање.

– Возбудува чувството кога гледате како од три страни, од три држави, пристигнуваат колони планинари, кои се среќаваат на тромеѓето помеѓу трите соседни држави. Поминуваме пријатни часови во заедничко дружење, заеднички ручек, разменуваме планинарски искуства и договараме нови планинарски акции, вели Катица Борисовска, претседател на ЗПСК „Руен“.

На средбата учествуваат голем број планинари од планинарски друштва од Врање, Сурдулица, Алексинац, Босилеград, Ќустендил, Пробиштип, Крива Паланка, Куманово, Скопје, Македонска Каменица и од други градови од трите држави.

Обновената традиционална средба на планинарите на граничното тромеѓе претходно се реализираше повеќе од 10-тина години.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска