Поранешниот играч од средниот ред на италијанската фудбалска репрезентација Андреа Пирло, смета дека аргентинскиот напаѓач Лионел Меси мора да победи на Светското првенство за да се споредува со Марадона.
– Освојувањето на Светското првенство во 2018 година ќе биде важно, и за самиот Меси и за аргентинскиот национален тим. Меси отсекогаш бил во споредуван со Марадона, но тој треба да победи на Светското првенство, затоа што ако не го освои Мундијалот, нема да биде меѓу најдобрите.
Аргентините на Светското првенство во Русија ќе играат во Д-групата со Исланд, Хрватска и Нигерија.