Андреа Пирло денеска потпиша нов двегодишен договор со италијанскиот шампион Јувентус. Искусниот фудбалер во Торино останува до јуни 2016 година.
35-годишниот Пирло во редовите на „старата дама“ дојде пред три години од Милан и за тоа време освои три титули шампион на Италија.
Изминатава сезона во Серија А настапи на 30 натпревари и постигна четири погодоци.