Еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот првак, Јувентус, Андреа Пирло се реши да ја спушти топката на земја, велејќи дека има многу подобри тимови од „Бјанконерите“ во Лигата на шампионите.
Пирло смета дека Јуве сеуште не е подготвен да го нападне трофејот во најелитното натпреварување.
„Лигата на шампионите? Не мислам дека сме подготвени да ја освоиме, барем не сеуште. Можам само да констатирам дека ќе го дадеме својот максимум додека сме во елитното друштво. Има подобри тимови од Јувентус во ова натпреварување и нема причина да не ја кажувам вистината“ – изјави Пирло.
Легендарниот Пирло има одиграно голем број натпревари во својата кариера, па се осврна на престојното дерби кое се игра во Неапол против Наполи, кој за него ќе биде само еден меч повеќе.
„Тоа ќе биде многу важен натпревар, но нема ништо да одлучи. Ние сега сме опуштени и со ладни глави одиме кај Наполи“ – додаде Пирло.
Јувентус се наоѓа на лидерската позиција во Серија А, а практично се веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи по првиот натпревар го совладаа Селтик во Глазгов со 3:0.