Пирло става крај на репрезентативната кариера

Од:

Италијанскиот фудбалер Андреа Пирло денеска соопшти дека ја завршува репрезентативната кариера, но сепак остави малку простор за евентуална промена на одлуката во случај да добие повик од новиот селектор.

– Одлучив за сега да ја напуштам репрезентацијата, но можеби ќе се вратам ако ме повика новиот селектор, изјави Пирло за „Кориере дело Спорт“.

35-годишниот Пирло ги бранеше боите на Италија од 2002 година наваму на 112 натпревари и има постигнато 13 голови.

Италија на Мундијалот во Бразил беше елиминирана уште по групната фаза. Прво ја победи Англија со 2:1, а потоа загуби од Костарика со 1:0 и од Уругвај исто така со 1:0. По ова следуваше оставка на селекторот Чезаре Прандели.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска