Членот на Јувентус, 34-годишниот Андреа Пирло, вечерва по стоти пат ќе го носи дресот на фудбалската репрезентација на Италија. Пирло е нестрплив да го оствари неговиот јубилејен настап кој треба да се случи против Мексико на Купот на конфедерациите.
– Едвај чекам да почне натпреварот. Чувствувам дека сум во добра форма и се надевам дека со победа ќе го прославам мојот 100-ти настап во националниот тим. Тоа е извонредно достигнување за кое мечтае секој фудбалер, истакна Пирло.
Натпреварот Мексико – Италија ќе се одигра вечерва со почеток од 21 часот на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.