Пирло: На Јувентус не му треба шлаканица за да се разбуди

Од:

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 5. коло на италијанскиот шампионат против Верона (1:1).

– Нашето прво полувреме не беше доволно агресивно, но сепак создадовме шанси. Одлично одговоривме на начинот на кој поведоа, но не ни треба шлаканица за да се разбудиме и да започнеме интензивно да играме. Се обидовме да го избегнеме нивниот висок притисок, а во второто полувреме функционираше подобро. Тешко е со нив, можевме и подобро.

Можеме да играме во напад со Роналдо, Мората или Дибала, во зависност од карактеристиките. Класична позиција на Роналдо е да започне малку лево и да се движи кон центарот. И Дибала и Кулушевски можат да го сторат тоа, истакна Пирло во изјавата за „Sky Sport Italia“.

Би можело да ве интересира

Ибрахимовиќ може да пропушти 3-4 недели поради повреда

Ана Ололовска

Роналдо задоволен од Пирло, има намера да го одработи договорот со Јувентус до крајот

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ прв играч на Милан кој постигна гол на осум последователни натпревари во Серија А

Ана Ололовска

Милан подобар од Наполи во дербито на осмото калчолигашко коло

Ана Ололовска

Фонсека ќе остане во Рома доколку тимот се квалификува во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Маркизио: Погба, врати се во Јувентус каде што ќе бидеш среќен повторно

Ана Ололовска