Пирло донесе нова победа за Јувентус

Од:

Во градското дерби на Торино шампионот Јувентус со голот на Андреа Пирло во судиското надополнување на вториот дел (90+3 минута) го победи Торино со 2:1.

Прв во дуелот од 13.коло поведе Јувентус преку Артуро Видал од пенал во 15.минута, а Бруно Перес во 22.минута по соло акцијата изедначи на 1:1. Јувентус последните петнаесет минути ги одигра со десет играчи откако поради втор жолт картон (црвен) беше исклучен Стефан Лихштајнер.

На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Милан – Удинезе 2:0, Каљари – Фиорентина 0:4, Чезена – Џенова 0:3, Емполи – Аталанта 0:0, Палермо – Парма 2:1, Киево – Лацио 0:0, Сасуоло – Верона 2:1.

Вечерва од 20:45 часот играат Рома и Интер, а последниот дуел од колото се игра утре меѓу Сампдорија и Наполи.

Табела: Јувентус 34 бодови, Рома 28, Џенова 23, Наполи 22, Сампдорија 21, Милан 21, Лацио 20,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска