Пирес: Бензема заслужува место во националниот тим, без оглед на тоа што се случи со Валбуена

Од:

Поранешниот француски репрезентативец Роберт Пирес изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема неправедно не добива покани за националниот тим.

– Бензема исчезна од репрезентацијата на Франција во 2015 година поради случајот Валбуена. Во 2017 година, судот пресуди дека тој е невин, но тој повеќе не беше поканет во националниот тим. Дали мислите дека ова е фер? Ова е комплексна тема што создаде многу полемики во Франција, и сè уште се водат. Не ме интересира што се случи со Валбуена, но ми се чини дека Бензема заслужува место во француската репрезентација заради она што го стори и прави со Реал Мадрид, изјави Пирес.

Според него, но и според многу други фудбалски стручњаци, Бензема е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но селекторот Дешамп го има последниот збор кога се работи за повик во репрезентацијата на Франција.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска