Пипан: Со толку многу грешки не се победува Црвена звезда

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Алеш Пипан на прес-конференцијата по натпреварот со Црвена звезда рече дека причини за поразот (66:71) има многу, но не треба да се тагува и побара неговите играчи да се фокусираат на следните предизвици.

– Имавме голема цел, план и желба да го оствариме можеби невозможното и да го добиеме фаворитот. Тоа не ни успеа, поради неколку причини. Немам што да им забележам на играчите, затоа што го дадоа максимумот. Направивме многу грешки, а доколку сакате триумф против Звезда не можете да изгубите 15 топки, да се промашат толку зицери и да се загуби концентрацијата во клучни моменти на играта. Решавачки се покажа крајот на вториот период кога им дозволивме они да се одлепат на 11 разлика. Потоа некако ги стигнавме и кога требаше да направиме целосен пресврт, направивме грешки кои не смеевме да ги направиме. Не треба да бидеме тажни, момците навистина дадоа се од себе. Треба да се свртиме напред кон мечот со Будуќност во Подгорица, изјави Пипан на прес-конференцијата по натпреварот.

Предводникот на „штрковите“ не сакаше да го коментира судењето кое предизвика многу незадоволство во таборот на аеродромци, а за досудената техничка грешка рече дека се уште не му е јасно зошто ја доби кога тој во дадениот момент само комуницирал со негов играч.

Следен дуел на МЗТ во АБА лигата е со Будуќност во Подгорица на 15 ноември, а веќе в четврток во Јане Сандански е дербито со Работнички.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска