Пиоли во одбрана на Татарушану: Грешките се дел од фудбалот

Од:

Романскиот голман Чипријан Татарушану, синоќа застана на голот на Милан на средбата со Рома 3:3, но не го замени достојно Донарума кој има коронавирус. Романецот направи неколку грешки, некои од нив резултираа со гол на ривалот.

Сепак, тренерот на „росо-нерите“ застана во заштита на Татарушану.

– Одам дома задоволен од играта, но не може да се скрие фактот дека играчите не беа задоволни од ремито. Игравме против силен противник. Овој натпревар не натера да размислиме дополнително. Нашата соблекувална има позитивна атмосфера полна со хармонија. Секој ден се трудиме најдобро. Ми се допаѓа тимскиот дух. Во однос на одлучноста не сме инфериорни во однос на никого. Неопходно е да се продолжи со придржувањето кон оваа позиција. Грешките се дел од фудбалот, Тетерушану ја промаши топката. Тој е силен голман, ова беше неговото деби, истакна Пиоли за „Sky Sport“.

Милан по пет кола е лидер во Серија А со 13 бода.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска