Пиоли лут на играчите на Милан за грешките во одбраната

Од:

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има многу замерки за играта во одбрана на својот тим по поразот од Интер (2:4) во натпреварот од 23. коло од италијанскиот шампионат.

– Во првото полувреме, нашата стратегија функционираше многу добро. Можеби заслуживме да поведеме и повеќе од 2:0. За жал, тие два момента во кои моравме да играме многу подобро го сменија текот на натпреварот. Фактот што примивме два гола за три или четири минути стана пресуден. Интер е многу поискусен тим од нас. Тие се многу подобро во можност да играат вакви натпревари. Затоа, тие беа во можност да се вратат. Јас сум лут на моите играчи поради играта во одбрана кои не ги исполнија обврските и затоа бевме казнети, рече Пиоли.

Милан со 32 бода е десетти на табелата во Серија А.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска