Со дуелот Пескара – Катанија, вечерва од 18 часот ќе биде отворено 18.коло од Италијанското фудбалско првенство.
Во вториот вечерашен натпревар (почеток 20:45 часот) лидерот на табелата Јувентус ќе му гостува на Каљари.
Утре на програмата се другите осум натпревари од оваа рунда во Серија А. Двојките се: (12:30 часот) Интер – Џенова; (15 часот) Аталанта – Удинезе, Болоња – Парма, Палермо – Фиорентина, Сампдорија – Лацио, Сиена – Наполи, Торино – Киево; (20:45 часот) Рома – Милан.
Табела: Јувентус 41 бод, Интер 34, Лацио 33, Фиорентина 32, Наполи 31, Рома 29, Милан 27,…