Репрезентацијата на Перу ја постигна првата победа на „Копа Америка“ совладувајќи ја ноќеска Венецуела со 1:0.
Со овој триумф се изденачи со другите селекции (Бразил, Колумбија и Венецуела) во групата Ц и сега сите имаат по три бодови по две одиграни кола. Во последното коло ќе се решава кои селекции ќе продолжат во четвртфиналето.
Стрелец на голот за победа на Перу беше Клаудио Пизаро во 72. минута, а Венецуела од 29. минута играше со десет играчи по искулучувањето на Фернандо Аморбиета.
Вечерва се играат и првите дуели од 3. коло од А групата: Мексико – Еквадор и Чиле – Боливија. Табела група А: Чиле 4 бодови, Боливија 4, Мексико 2, Еквадор 0.