Тимот на Перу го направи најголемото изненадување на Копа Америка, откако во четвртфиналето отстрани еден од фаворитите за освојување на трофејот – Уругвај.
Дуелот на „Арена Фонте Нова“ во Салвадор заврши со 0:0 во регуларното време, а Луис Суарез промаши за „урусите“ уште на почетокот при извршувањето на пеналите.
До крајот, ниту еден од изведувачите не погреши, па Перу продолжува вополуфиналето по 5: 4.
Уругвајците можат да жалат многу, бидејќи на три пати погодија стативи, а три гола беа поништени, од кои два по ВАР.
Перу ќе се соочи со шампионот Чиле во спор за место во финалето, а Бразил и Аргентина се среќаваат во другото полуфинале.