Перковац: Да го имавме Лазаров или Мојсоски и ние ќе бевме како Македонија

Од:

Селекторот на швајцарската ракометна репрезентација Горан Перковац, синоќа на прес-конференцијата по мечот со Македонија го призна поразот и упати пофални зборови за играта на македонските ракометари издвојувајќи ги Наумче Мојсоски и Кирил Лазаров.

– Не знам дали беше мотивот, но квалитетот дефинитивно беше пресуден фактор. И ние би изгледале поинаку да имаме барем еден ракометар од светска класа како Лазаров или Мојсоски. Вие ги имате и затоа победивте. Не знам како ќе биде кога ќе замине оваа генерација, но сега имате моќен тим, истакана Перковац.

Тој се осврна и на големата поддршка која ја добиваа Македонците од своите навивачи.

– За навивачите и нема потреба да се трошат зборови. Македонија има најдобри навивачи во светот, кои знаат кога треба да им се помогне на ракометарите. Видете како се однесуваа, како навиваа. Само може да се посака вакви навивачи, а вие бидете горди што ги имате, заврши бившиот хрватски репрезентативец, а сега селектор на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП