Перасовиќ: Македонија е опасна, мора да и пристапиме сериозно

Од:

Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација Велимир Перасовиќ со свој коментар пред утрешниот натпревар од ФИБА Евробаскет 2015 помеѓу Хрватска и Македонија кој што се игра во „Арена“ во Загреб од 21:00 часот.

– Играме против доста цврста екипа, која игра трпеливо и дисциплинирано во нападот и се добри во одбраната, ако не го свртиме на време натпреварот може да биде опасно, вели Перасовиќ.

Двете репрезентации имаат половичен учинок по првите две кола, и двете загубија од Грција, а имаат по една победа, Македонија против Холандија, Хрватска против Словенија.

– Тоа е екипа што знае да игра кошарка, играат долги поени и во контра нападите шутира тројки. Тоа се карактеристики на екипа што може брзо да направи пресврт и против нив мора да бидеме дисциплинирани и одлучни, вели Хрватот.

Хрватска по поразот од Грција се наоѓа во ситуација во којашто мора да победи со оглед на нивните високи амбиции, додека Македонија од позиција на аутсајдер ќе влезе во натпреварот со „ладна глава“.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска