Фудбалерите на Пелистер се пред елиминација уште во првото квалификациско коло за Лига Европа.
Битолскиот клуб беше поразен на синоќешното гостување во Познањ од екипата на Лех со убедливи 4:0 полувреме 3:0.
Серијата на голови ја отвори Ники Биле Нилсен од пенал (28.минута), а десет минути подоцна Марио Ситум го постигна својот прв, а втор гол за Лех. Веќе во 38.минута беше 3:0 со погодокот на Радослав Мајевски.
И во вториот дел домаќините беа оние кои ја контролираа играта, па во 57.минута со вториот гол на Марио Ситум полскиот тим стигна до убедливи 4:0.
Реванш натпреварот ќе се игра во Струмица, следниот четврток на 6 јули.