Екипата на Рен постигна победа од 1:0 над Лориен синоќа на првиот натпревар од 13.коло од француската Лига 1.
Победничкиот гол го постигна Педро во 89. минута и со тоа продолжи серијата на Рен од пет натпревари без пораз (3 победи – 2 нерешени) и сега со 19 бодови се наоѓа на седмото место.
Денеска на програмата се пет натпревари од оваа рунда, а двојките се: Ленс – Бордо, Бастија – Монпеље, Каен – Нант, Евиан – Ница. Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите: Олимпик Лион – Генгамп, Ремс – Лил, Сент Етиен – Монако и дербито меѓу водечките две екипи ПСЖ и Олимпик Марсеј.
Табела: Олимпик Марсеј 28 бодови, ПСЖ 24, Олимпик Лион 23, Бордо 21, Сент Етиен 21, Нант 20,…