Педесет години традиционално карате во Македонија

Од:

Македонската традиционална карате федерација викендов со низа активности ќе одбележи 50 години традиционално карате во Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Во Будо карате центарот „Недеви” утре и задутре од 11 до 13 часот ќе се одржи тренинг академија со др. Владимир и Илија Јорга, а утре во 13 часот на Универзитетот за туризам и менаџмент ќе биде промовирана монографијата „Половина век исполнет со успеси”. За здутре во 19 часот во Музејот на Македонската револуционарна борба организаторите најавуваат свечена академија.

– Јубилејот е важен од два аспекта. Педесет години е долг период за одржување на континуитет. Во овој период се остварени врвни резултати достојни за претставување на Македонија на меѓународен план, рече денеска на прес-конференција каратистот Венцислав Недев.

Агенцијата за млади и спорт, како што информира директорот Дарко Каевски, финансиски ќе ја помогне манифестацијата, а дава поддршка и на активностите предвидени во календарот на натпревари на домашен и меѓународен план.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска