Педесет години од првиот „Златен гонг“

Од:

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 7 до 9 ноември ќе се одржи меѓународната боксерска манифестација, „Златен гонг“ на која свое присуство најавија осум држави. Ова ќе биде 49-то издание на престижното натпреварување кое прославува јубилеј 50 години од одржувањето на првиот турнир.

– Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става „Златен гонг“ на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен придонес во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на Боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на „Златниот гонг“ низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

Селекторот на македонската репрезентација Хесус Сојет рече дека неговите избраници се добро подготвени и дека очекува тие да прикажат добри борби и да се закитат со медал.

Четвртфиналните мечеви се закажани за утре (7 ноември) со почеток во 16 часот. Полуфиналето е в петок од 17 часот, додека финалните борби ќе се одржат в сабота со почеток во 15 часот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска