Паулињо пред трансфер во Тотенхем

Од:

Бразилскиот репрезентативец Паулињо постигнал договор со премиерлигашот Тотенхем, а висината на трансферот од Коринтијанс изнесува 17 милиони фунти, соопштија медиумите во Англија.

Инаку, 24-годишниот Паулињо беше прв избор за менаџерот на лондонскиот клуб Андре Вилаш-Боаш, кој покажуваше интерес и за Фернандињо, но овој Бразилец заврши во Манчестер Сити.

Паулињо се уште не даде потврда или демант на овие шпекулации. Тој порано изјави дека до крајот на Купот на конфедерациите што се одржува во неговата земја, нема да донесува одлука за преоѓање во нов клуб.

Освен премиерлигашот од северен Лондон, интерес за Паулињо покажуваа и шпанскиот Реал, како и италијанските Интер и Рома.

Паулињо пред дваесетина дена изјави дека сигурно заминува во Интер и покрај тоа што клубот нема да игра во Лигата на шампионите, но само чека пристојна понуда од Милано.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска