Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата на „црвено-црните“ со 27:30 против Рајн Некар во Лигата на шампионите, изрази задоволство од прикажаната игра на ракометарите,закои кажа дека го натерале противникот да греши.
– Среќен што успеавме да победиме. Никогаш не знаете како ќе изгледате во првиот меч по долга пауза. Затоа ни требаше оваа победа. Одигравме квалитетно. Почнавме добро од првиот напад и едноставно го принудивме тимот на Рајн Некар да прави грешки. Тоа ни даде резултат и ни ја донесе оваа важна победа, прокоментира Парондо по мечот.
Вардар ја оствари седмата победа сезонава и се зацврсти на второто место на табелата во групата „А“, кое носи послаб противник во елиминациската фаза.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра на 16-ти февруари против Веспрем во СЦ „Јане Сандански“.