Парма преку Интер до својата втора победа сезонава

Од:

Екипата на Парма која сезонава во фудбалскиот шампионат на Италија се бори за опстанок, го совлада Интер со 2:0 во натпревар од 10. коло на Серија А.

Паоло Ле Кеље ги постигна двата гола за домашниот тим во петтата и 76-минута од средбата, донесувајќи и ја на Парма само втората победа сезонава (има и осум порази).

Јувентус го искористи „киксот“ на Рома, па со победата над Емполи на гости со 2:0, тимот од Торино засега е осамен на првото место на табелата. Потсетување дека Рома загуби на гостувањето кај Наполи со 2:0.

Денеска во Серија А, на програмата се пет натпревари, и тоа: Киево – Сасуоло, Сампдорија – Фиорентина, Торино – Аталанта, Удинезе – Џенова и Милан – Палермо.

Колото ќе биде заокружено во понеделник со средбите, Чезена – Верона и Лацио – Каљари.

Табела: Јувентус 25 бодови, Рома 22, Наполи 18, Лацио 16 (-1 натпревар помалку), Милан 16 (-1), Сампдорија 16 (-1), Удинезе 16 (-1)…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска