Веста, која сите навивачи на Реал Мадрид тајно се надеваа дека ќе ја слушнат извесно време, веќе е реалност – Зинедин Зидан се враќа на чело на тимот. Сега кога ова веќе се случи, шпанските медиуми го открија начинот на кој што шефот Флорентино Перез успеал да го убеди Зизу да ги преземе „белите“ повторно, само 10 месеци по заминувањето.
На претседателот на клубот му се наметнало да прифати три барања на францускиот стратег, што било апсолутно потребно, за дадобие позитивен одговор – драстично да ја зголеми неговата плата, да му обезбеди нови ѕвезди од летото и да му гарантира апсолутна власт, во однос на спортско-техничките прашања.
Зидан добил уверување дека најмалку двајца играчи од највисок калибар ќе бидат привлечени во летниот трансфер прозорец, како и некои ветувачки млади таленти за длабочина во тимот. Тој верува дека сегашната композиција е речиси исцрпена во оваа форма и има итна потреба од освежување.
Што се однесува до целосната власт, легендата на „кралскиот“ клуб побарал секое спортско-техничко решение да биде исполнето од раководството само со негова целосна согласност. Во неговиот претходен престој имаше случаи во кои тој беше прескокнат од Флорентино Перез, како во случајот кога шефот преговараше со Кепа Арисабалага, без да го праша тренерот дали треба. Или, желбата на Зедан Гарет Бејл да се продаде, на што претседателот уште еднаш наложи вето. Сега нема да има такви своеволни „испади“ од негова страна.
И последно, но не и најмалку важно, прашањето за платата на стратегот се нашло во преговорите, пишува весникот „АС“. Во неговиот случај, високата плата е прашање на престиж и доверба од менаџментот, а не толку потреба за пари. Во неговиот претходен престој на „Бернабеу“, Зидан не беше ниту во топ 10 на најскапите тренери во светот, а сега веќе е во топ 5.