Носителот на „Златната топка“ за 1991 година и европски клупски шампион со Милан во 1994 година Жан-Пјер Папен остро го критикуваше тимот на Пари Сен Жермен по поразот од Ливерпул и најмногу односот што го покажуваат ѕвездите на тимот Единсон Кавани, Килијан Мбапе и Нејмар.
– Во современиот фудбал, сите работат. Не можеш да победиш, ако офанзивните играчи не вложуваат ниту минимален напор да се вратат назад. Покрај тоа, кога се бранат, треба да се поблиску до останатите и ќе биде полесно кога играат на контра-напад. ПСЖ не се херои, туку ега. Во одреден момент треба да му служиш на тимот. Има разлика во ѕвездите кои ги гледаме во странство и во Франција. Имаме впечаток дека тука не може да бидат контролирани, истакна Папен за „Ле Паризиен“.