Два панорамски автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие брендирани во знакот и боите на ракометниот клуб Вардар се подготвени за дочекот на европските шампиони.
„Црвено-црната“ експедиција се очекува околу 11 часот и 15 минути да слета на аеродромот “Александар Велики”, а потоа со панорамските автобуси ќе се движи кон плоштадот Македонија во Скопје.
Во центарот на македонската престолнина се очекува ракометарите да бидат поздравени од неколку десетици илјади граѓани.