Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна вториот гол за својот клуб Наполи во синоќешната победа од 3:0 на гостувањето кај Пескара.
Освен Пандев погодија и Гокан Инлер и Блерим Џемаили, сите во второто полувреме.
Со оваа победа Наполи се зацрврсти на втората позиција која обезбедува директно учество во Лигата на шампионите.
На другите две вчерашни средби од 34.коло во Серија А: Аталанта – Болоња 1:1 и Каљари – Удинезе 0:1.
Денеска играат: Сампдорија – Фиорентина, Киево – Џенова, Палермо – Интер, Торино – Јувентус, Парма – Лацио, Рома – Сиена и Милан – Катанија.
Табела: Јувентус 77 бодови, Наполи 69, Милан 59, Фиорентина 58, Удинезе 54, Интер 53, Рома 52, Лацио 51,…