Во рамките на подготовките на новата сезона, вицешампионот на Италија, екипата на Наполи постигна победа над Капри со 3:0, а стрелец на еден од головите беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Пандев ја почна серијата голови во 9.минута, потоа асистираше на Валон Бехрами кој го постигна вториот гол, додека третиот беше дело на Блерим Џемаили.
Македонецот беше стартер во составот на Рафаел Бенитез и ги одигра првите 45.минути.