Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и челн на Наполи, Горан Пандев, заработи незгодна повреда на последниот првенствен натпревар против екипата на Џенова.
Нашиот интернационалец беше заменет во 38. минута, а неговиот тим успеа во второто полувреме да ја анулира негативата од еден гол и на крајот да забележи сигурна победа од 4:2 на гостувањето.