Пандев постигна гол по петмесечна пауза

Од:

 Горан Пандев по пауза од пет месеци успеа да постигне гол во Серија А, вкупно седми сезонава. Поранешниот македонски репрезентативец синоќа беше еден од најзаслужните во победата над Каљари, екипа за која настапува нашиот репрезентативец Агим Ибраими.

Наполи победи со 3:0, а освен Пандев кој погоди во 43.минута, голови постигнаа и Дрис Мертенс од пенал (33.минута) и Блерим Џемаили (57.минута).

И двајцата македонски фудбалери не го одиграа целиот дуел. Пандев беше заменет во 75.минута, а Ибраими во 55.минута.

Со овој натпревар беше комплетирано 36.коло, од кое синоќа се одигра и средбата Фиорентина – Сасуоло 3:4. Трите освоени бодови за гостите значеа излегување од опасната зона на испаѓање.

Сасуоло на две кола пред крајот има бод повеќе од Киево и два од Болоња која е на 18.место. Само со теоретски шанси за опстанок се двете последно пласирани екипи Катанија (26 бода) и Ливорно (25).

Табела: Јувентус 96 бодови, Рома 85, Наполи 72, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 55,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска