Пандев постигна гол, но Џенова е елиминирана од Купот на Италија

Од:

Иако капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна гол за својата екипа Џенова, сепак неговиот тим е елиминиран од Лацио во осминафиналето на Купот на Италија.

Пандев беше стрелец на вториот гол за Џенова на гостувањето во Рим, каде загуби од Лацио со 4-2.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Чезена со победата од 2-1 на гости кај Сасуоло.

Претходно пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Јувентус, Фиорентина, Наполи, Милан и Интер.

Последниот четвртфиналист ќе биде познат доцна вечерва, откако својот натпревар од осминафиналето ќе го одиграат Рома и Сампдорија.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска