ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Од:

Познатите спортисти како Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски -Иџе веќе нема да бидат дел од рекламните кампањеи на индустријата за игри на среќа соопшти денеска на прес конференција министерот за спорт Борко Ристовки. Рече дека со тројцата бил направен своевиден џенталменски договор. Ристовски сепак рече, дека Министерството, државата и тој лично немаат ништо против ако компаниите од оваа индустрија спонзорираат клубови и федерации.

– Да појаснам дека ние немаме против против ниту една компанија да инвестира во спортот без разлика на нивната дејност, но не сакаме легендите да се истакнуваат во рекламите за обложувалници, казина или за брзи кредити. Нашата забелешка беше во таа насока. Веќе имавме разговори со сите спортисти кои рекламираа вакви фирми и направивме џентлменски договор со нив. Можам да потврдам дека Горан Пандев повеќе нема да ја рекламира обложувалницата што ја рекламираше, истото важи и за Игор Стефановски-Иџе и за Кирил Лазаров, кој веќе некое време престана да го прави тоа. Се надевам дека сите овие личности ќе ги видите од другата страна како промотори на вистинските вредости“, изјави Ристовски.

Ристовски денеска даде отчет за сработеноото во првите 100 дена од Владата. Потенцираше дека Министерството е насочено кон подобрување на инфраструктурата и финансирање преку програми за кои ќе се бара отчет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање

Министерството за спорт преку посебна програма ќе субвенционира врвен спорт